Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Нормално е протоколите да претрпат измени, но многу е важно и граѓаните и угостителите да ги почитуваат заштитните мерки

Ангеловска: Нормално е протоколите да претрпат измени, но многу е важно и граѓаните и угостителите да ги почитуваат заштитните мерки

Скопје, 31 мај 2020 (МИА) – Ќе бидеме флексибилни. Нормално е протоколите да претрпат измени, но многу е важно и граѓаните и угостителите да ги почитуваат заштитните мерки, рече денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Ангеловска по брифингот со новинарите изјави дека угостителите беа вклучени во носењето на протколите, но сепак, мислењето на епидемиолозите е клучно.

-Мора да ги слушаме епидемиолозите зашто здравјето е најбитно. Протоколите е нормално да претпруваат измени, но многу е важно сите да бидеме дисциплинирани и да се заштитме сами, без некој да не критикува или опоменува. Ќе бидеме флексибилни, но кои би биле дополнителните измени на пртоколите ќе зависи и од граѓаните и од угостителите, рече Ангеловска. мч/мд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

БДП во 2025 година по жител изнесувал 9.859 евра

Димитриеска Кочоска: Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал и девет месеци од 2026 година