Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 31 мај 2020 (МИА)На 30.05.2020 во 13.30 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.У.(20) од Р.Турција, со престојувалиште во Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.05.2020 во периодот од 15.00 до 16.20 часот, по претходно добиена судска наредба, полициски службеници извршиле од СВР Тетово претрес во домот на Џ.Џ.(58) во с.Форино. При претресот биле пронајдени и одземени пет куршуми за пушка непознат калибар, еден нож за пушка и еден нож кој потекнува од кривично дело. Џ.Џ. бил приведен поради ова дело и поради тоа што претходно физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2020 околу 01.15 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Миравци, полициски службеници го лишиле од слобода И.П.(30) од Косово поради тоа што при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 113 лица мигранти (110 од Бангладеш, 1 од Индија и 2 од Мјанмар). Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.05.2020 околу 21.30 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, кај с.Тремник, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувани од непознати возачи (кои возеле во спротивен правец), удриле во патничко возило „опел корса“ со неготински регистарски ознаки, управуван од С.Ѓ.(1962) од Неготино. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила В.Н.(53) од Неготино, сопатничка во возилото „корса“, која била пренесена во болницата во Неготино за укажување на лекарска помош. Возачите на возилата побегнале од местото, а во непосредна близина на местото биле пронајдени 19 мигранти кои потврдиле дека се возеле со двете возила. Додека бил вршен увид на местото, на 31.05.2020 околу 01.15 часот, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, не застанало на две патроли, удрило во возилото „опел корса“ и продолжило со движење, а по еден километар возачот застанал и го оставил возилото и со патниците побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.05.2020 во 19.30 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од П.М.(21) од с.Радолишта, струшко, удрило во пешакот В.П.(70) од Охрид. Во незгодата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

На 30.05.2020 во 12.50 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, пред крстосницата за Кавадарци кај с. Росоман, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.У.(58) од Велес и патничко возило „опел корса“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(45) од с.Сирково-Росоман. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „опел корса“ и 13-годишен малолетник, сопатник во истото возило. Тие биле пренесени во Општата болница Кавадарци каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Градоначалниците на Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат Меморандум за соработка за Преспанскиот басен

Наутро магла и облачност, попладне дожд

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста