Утрински Весник
Македонија

ЦОРЗ од Дебар со волонтерска акција за подигање на свеста за заштита од Ковид-19

ЦОРЗ од Дебар со волонтерска акција за подигање на свеста за заштита од Ковид-19

Дебар, 31 мај 2020 (МИА) – Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар се вклучи со дополнителни активности за заштита од коронавирус.

Во синоќешната волонтерска акција на повеќе инситуции беа лепени едукативни стикери за одржување на физичка дистанца и носење заштитни маски.

– Едукативни стикери залепивме на образовни установи, филијалите на банките кои делуваат во градот,
здравствени ординации, маркети, пекари, на местата каде што се поставени банкомати, објекти каде се врши услужна дејност.  Исто така ваков пропаганден материјал залепивме на и пред објекти на јавни инситуции, како што е Агенцијата за вработување, Судот, Катастарот и други каде што граѓаните даѓаат да подигнат одреден документ, информираа од Центарот.

Според нив, целта е да се подигне на повисоко ниво свеста на граѓаните дека треба да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Во Дебар, кој беше првото жариште во државава, веќе  45 дена нема новозаразени, а како што потврдуваат од Општата болница нема ниту пацинети кои се жалат на симптоми на овој вирус. Инаку, од 51 заразен, 47 од нив се излекувани, додека четворица починаа. вт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица со нов Предлог-закон: Кривични дела сторени од функционери да не застаруваат

На делницата Миравци – Демир Капија од 11 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента

МВР: 2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење