Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи  

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи  

Скопје, 31 мај 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Како што најавува УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде од 4 до 13, а максималната од 16 до 24 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Според УХМР, до средината на наредната недела ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува постабилно и потопло време. мч/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Два автомобили запалени во скопски Карпош

Од пациентка побарале 3.000 евра за итна операција на сопругот, сведоштво на трибина во Куманово