Утрински Весник
Спорт

Интер ќе добие 15 милиони евра ако ПСЖ го продаде Икарди во друг италијански клуб

Јуве ја започнува офанзивата за Икарди

Милано, 30 мај 2020 (МИА) – Интер и ПСЖ се договорија за целосен трансфер на напаѓачот Мауро Икарди. Парискиот клуб ќе купи 27-годишен напаѓач за 50 милиони евра, плус 7 милиони евра бонуси.

Договорот вклучува клаузула според која Интер ќе добие уште 15 милиони евра ако Аргентинецот биде продаден на друг италијански клуб.

Претходно беше објавено дека Јувентус и Наполи се интересираат за Икарди.

Во Франција сезоната заврши пред предвиденото, играчот, на позајмица, мина 20 натпревари за ПСЖ, постигна 12 гола и оставри три асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Премиер лигата го објави календарот за новата сезона

ФИФА ги објави датумите за интерконтиненталните баражи за СП2026

Македонските ракометарки со три контролни дуели