Утрински Весник
Спорт

Марсело: Сите со нетрпение го чекаме првиот натпревар по паузата

Марсело: Со Роналдо, шансите на Јувентус да ја освојат Лигата на шампионите се зголемија

Мадрид, 30 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело, рече дека тој и неговите соиграчи едвај чекаат да продолжи сезоната во Шпанија-2019/20, претходно прекината поради пандемијата на коронавирус.

– Никогаш не сме имале толку долга пауза на тренинзите, така што нашата желба да играме фудбал порасна многу по прекинот на сезоната. Сега знаеме дека првенството ќе продолжи наскоро, така што не можеме да го дочекаме првиот натпревар. Сите се здрави, тренинзите се прекрасни, почнуваме да се враќаме на претходниот ритам, изјави Марсело.

Претходно се дозна дека шампионатот на Шпанија ќе продолжи на 11 јуни. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет