Утрински Весник
Економија

Владата се задолжи 160 милиони евра кај ЕУ за справување со последиците од пандемијата

Влада: Објавените е-маил адреси на министерствата за финансии и економија се од стар систем, лозинките се променети пред повеќе години

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Владата ја донесе Уредбата со законска сила за задолжување на Република Северна Македонија кај Европската Унија преку инструментот Макро–финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата за време на вонредна состојба, со која на земјава и се одобрени 160 милиони евра за враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба и за поттикнување на економските прилагодувања, структурните реформи и преземање соодветни мерки како одговор на економската криза предизвикана од КОВИД-19, информира владината прес-служба.

На оваа седница, Владата донесе и Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 со која се опфатени сите радиодифузери во земјата за надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување согласно Законот за електронски комуникации, како ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.

Владата денеска донесе и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредната состојба, согласно која кабелските операторите се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да достават пријави за регистрација на странските радиодифузери кои ги реемитуваат во рок од 60 дена од денот на нивното донесување. сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“

Мицкоски ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“