Утрински Весник
Политички Партии
300x250 opst2

Соопштение на Алијансата на Албанците

Алијанса за Албанците: Добрата желба на ЕК не може да ја среди самоуништувачката стратегија на СДСМ-ДУИ
300x250 opst2

 

Скопје, 29 мај 2020

Не е првпат официјални лица на ДУИ, како што се тие на локално и централно ниво, да ја злоупотребат ситуацијата со пандемијата „Ковид 19“ за нивните партиски интереси.

Министрите на ДУИ, како што беше случајот со министерот за економија Крешник Бектеши, промовираше економски мерки од седиштето на ДУИ, проекти кои се спроведуваат со парите на даночните обврзници. Исто постапи и заменик министерот за финансии, Ширет Елези.

Оваа навредлива практика, со јавното здравје на граѓаните, ја практикуваат и раководителите на општините предводени од ДУИ, честопати избирајќи или седиште на ДУИ или нејзиното потекло, заборавајќи дека тие како градоначалници треба да бидат во интерес на сите граѓани а не само на нивните гласачи и милитантите на партијата.

Градоначалниците на Дебар Хекуран Дука, и тој на Чаир Висар Ганиу парадираа пред логото на ДУИ, со што се подразбира дека логото на партијата дури и во време на пандемија е поважно од здравјето и животот на нашите граѓани.

Ја повикуваме Антикорупциската комисија да реагира што е можно поскоро на недоличното однесување на функционерите на ДУИ кои своите институционални позиции ги ставаат на служба на нивниот рејтинг и на располагање на политичка корист.

Алијанса за Албанците

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт