Утрински Весник
Спорт

Стив Неш ќе биде нов член во канадската спортска сала на славните

Стив Неш ќе биде нов член во канадската спортска сала на славните

Торонто, 29 мај 2020 (МИА) – Поранешниот НБА кошаркар Стив Неш ќе влезе во „Куќата на славните“ во Канада.

Неш е осумкратен учесник во НБА Ол-стар дуелите, двократен МВП и трет по број на асистенции на вечната листа во историјата на НБА.

Во 2018 година, Неш беше вклучен во „Куќата на славните – Најсмит“.

Неш во својата дведецениска кариера има настапувано за Феникс санс, Далас маверикс и Лос Анџелес лејкерс. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига