Утрински Весник
Македонија

МИОА со апел до граѓаните да ја инсталираат апликацијата СтопКорона: Да се заштитиме себе и нашите најблиски

МИОА со апел до граѓаните да ја инсталираат апликацијата СтопКорона: Да се заштитиме себе и нашите најблиски

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Во услови на разлабавување на рестриктивните мерки СтопКорона е алатка во нашите раце за намалување на ширењето на заразата, повика денеска Министерство за Информатичко општество и администрација граѓаните неодложно да ја инсталираат апликацијата.

-Ги повикуваме уште еднаш сите граѓани да ја инсталираат апликацијата СтопКорона . Вашата и безбедноста на вашите најблиски е најважна, апелират од МИОА.

Апликацијата СтопКорона , брзо и едноставно детектира доколку сте биле изложени на зараза и им дава можност на здравствените власти брзо да реагираат и да го чуваат вашето здравје и здравјето на тие коишто ги сакате.

Апликацијата може да ја преземете од следниов линк: http://stop.koronavirus.gov.mk/. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ТДП реагира на лидерската средба: Власта го заборава мултиетничкиот карактер на државата

Замрзната имиграцијата кон САД од Македонија и уште 74 земји

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија