Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода потпиша два гранта со Светската банка и Министерството за финансии за реализција на проекти

Општина Кисела Вода потпиша два гранта со Светската банка и Министерството за финансии за реализција на проекти

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски потпиша два гранта со Светската банка и Министерството за финансии, со кои ќе се реализира проектот за обнова на улица „1“ во село Усје и ќе се изврши набавка на камионче со прскалка за чистење на улици и на минибус за превоз на деца.

Како што соопшти Општината, улицата „1“ во село Усје е со видливи оштетувања поради што се извршува обнова на постоечкиот коловоз. Целата должина на трасата е 2.279,86 метри, коловозот на постојната улица е асфалтен со ширина од околу четири метри, освен на мал дел каде е со ширина од околу девет метри и улицата нема тротоар.

– Секаде каде постојат услови ќе се изведат тротоари, а во близина на постоечката црква ќе се изработи и паркинг простор од павер елементи со ширина од пет метри и должина од 15 метри, се наведува во соопштението.

Општинските власти информираат дека со набавка на камиончето со прскалка за чистење под висок притисок Општина Кисела Вода во голема мерка ќе помогне за одржување на хигиената во општината, а со тоа директно ќе се подобри и квалитетот на животната средина, додека пак минибусот за превоз на ученици ќе овозможи редовен и безбеден транспорт на учениците кои секојдневно патуваат до училиште и назад.

– За комплетирање на реализацијата на овој проект Општина Кисела Вода ќе обезбеди дополнителни 800.000,00 денари од својот буџет. Општина Кисела Вода уште еднаш ги потврдува своите заложби за подобрување на квалитетот на живеење, подобрување на животна средина и грижа за своите најмали жители, се додава во соопштението. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!