Утрински Весник
Македонија

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на јавниот сервис, Фејсбук и Јутјуб каналот на претседателот.

Од Кабинетот додаваат дека во согласност со препораките за заштита од Ковид-19 изјавата на претседателот Пендаровски ќе се реализира на отворено, пред „Вила Водно“.

Утре е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена. нд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа