Утрински Весник
Македонија

Од утре се пушта јавниот автобуски превоз во Свети Николе

Од утре се пушта јавниот автобуски превоз во Свети Николе

Штип, 29 мај 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб на Свети Николе денеска ја разгледа актуелната состојба во Општината со справување со коронавирусот, каде што донесе одлука од утре да се пушти во употреба јавниот превоз од селата до градот Свети Николе.

 – Јавниот превоз ќе се пушти со претходно утврдената динамика и релации на движење за селата Црнилиште, Пеширово, Амзибегово, Кадрифаково, Ерџелија, Мустафино и Горобинци и со почитување на веќе утврдените прописи и протоколи, вели градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Граѓаните од овие села можат да ги користат и новопоставените стојалиште за патниците. Превозникот е задолжен со континуирана дезинфекција на возилата, употребата на дезинфекциони средства за сите патници е задолжителна и носење на заштитни маски или марами. вдј/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари