Утрински Весник
Македонија

Велес ќе биде вклучен во меѓународен проект за културно наследство

Велес ќе биде вклучен во меѓународен проект за културно наследство
Dik 300x250 mk

Велес, 29 мај 2020 (МИА)Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција го одобри проектот на Француската асоцијација „Ситé е Ситé“ со седиште во Бордо, во партнерство со  асоцијацијата на градови од С. Македонија со  архитектонско наследство со седиште во Велес. Покрај Велес во проектот ќе бидат вклучени: Скопје, Битола, Берово, Кратово, Крушево, Охрид, Штип и други  градови  посветени на заштита на културното наследство. Во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени пет француски градови.

Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес – конференција информира  дека со овој значаен проект  што ќе се реализира во партнерство на Република Франција со Република Северна Македонија и  Република Албанија планирана е размена на знаења и стандарди за урбанистичко планирање на старите јадра во градовите, пејсажната архитектура, валоризацијата и развојот на туризмот преку културното наследство.

Со цел оваа тематика да го најде своето вистинско место на планот на евроинтеграциите на локално ниво, веќе разговаравме и со Заедницата на единиците на локална самоуправа – ЗЕЛС за нивно вклучување во реализацијата на активностите и проектите, појасни  Коцевски.

Тој упати јавна благодарност до Марилиз Ортиз, директор на Француската асоцијација „Ситé е Ситé“,  Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, до амбасадорот на Република Франција Крисијан Тимоние и нашата амбасадорка во Франција Јадранка Чаушевска за поддршката на овие значајни проектни активности.

Во проектот е вклучено и нашето Министерството за култура, македонските градови и универзитетите, а ќе се одвива во соработка со партнерите од Република Албанија: Институтот за културни споменици, Министерството за култура, Асоцијацијата на општини на Албанија и градовите Берат и Елбасан. ад/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се бара притвор за разбојник од Маџари

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад