Утрински Весник
Македонија

НБРМ: За една година за 29 отсто зголемен процентот на купувања преку интернет

НБРМ: За една година за 29 отсто зголемен процентот на купувања преку интернет

Минатата година продолжи интензивниот раст на плаќањата во трговијата со платежни картички и зголемувањето изнесува 20,7 отсто, во споредба со 2018 година. Воедно, зголемен е бројот на трансакции на физичките места на продажба, за 20,4 отсто, но уште повеќе растеле плаќањата со картички на интернет, за 29 отсто повеќе во однос на 2018 година.

Процентот на граѓаните кои купуваат преку интернет се зголемил лани за 29 отсто. Како што информира Народната банка на Македонија, НБРМ, по одржаната редовна седница на Советот, за плаќањата во 2019 година, граѓаните и компаниите сè повеќе плаќаат со посредство на банките преку користење на кредитните трансфери и платежните картички. Вкупниот број на плаќања минатата година е поголем за 11,7 отсто во споредба со 2018 година, при што е забележан поизразен раст на користењето на картичките за плаќање. Нивното учество во вкупните плаќања се зголемило и се изедначило со учеството на плаќањата преку кредитни трансфери.

При годишен раст од 5,2 отсто на вкупните кредитни трансфери лани, електронските кредитни трансфери лани растеле побрзо, со стапка од 6,2 отсто, во споредба со трансферите на хартија, кои се зголемиле за 4,4 отсто.

Советот на НБРМ, меѓу другото, донесе и одлука за воведување на новини во врска со стапката на покриеност со ликвидност на банките со која се воведува нов ликвидносен стандард што може да влијае позитивно врз развојот на финансискиот пазар. Со Одлуката се пропишуваат различни видови финансиски инструменти што банките ќе можат да ги користат за добивање ликвидност. Таа се очекува да почне да важи од следната година до кога банките треба да се приспособат кон новите барања. Тогаш треба да престане и нивната обврска за утврдување и одржување на постојните стапки на ликвидност до 30 и 180 дена.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер