Утрински Весник
Македонија

Викендов ќе продолжи периодот на нестабилно време со повремени врнежи

Утре услови за локален дожд, од вторник нов влажен бран со снег

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – За време на викендот ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повеќе врнежи ќе има во недела, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локален
дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.

Во Скопје че биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. сст/лв/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Aлта банка и предвремени избори – ЗНАМ и Максо преку правосудниот испит му прават алиби на Мицкоски

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Облачно со сончеви периоди и северен ветер