Утрински Весник
Политички Партии

Прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Коста Петров за мерките за заживување на македонската економија

Прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Коста Петров за мерките за заживување на македонската економија

 

Скопје, 29 мај 2020 

Третиот пакет економски мерки ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна финансиска поддршка на граѓаните.

Ова се мерки за нова, развојна македонска економија, во вредност од 355 милиони евра наменет за 730,000 корисници, кои ќе ја трансформираат нашата економија и ќе ја направат поконкурентна, со тоа што ќе ја зголемат приватната потрошувачка и ќе стимулираат раст и промоција на домашните производи и услуги.

Првиот столб од третиот пакет на економски мерки усвоен од Владата предводена од СДСМ ги опфаќа сите невработени лица, социјално ранливите категории, младите, домаќинствата со ниски примања и медицинските лица.

Со овие мерки се зајакнува домашната потрошувачка со фокус на домашни производи и услуги, се зголемуваат безготовинските плаќања и со тоа се намалува сивата економија.

Но пред сѐ, се зголемува куповната моќ на граѓаните и со тоа се олеснува животот во услови на криза.
Домашна платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги

Оваа картичка ќе ја добијат над 100,000 граѓани односно сите невработени лица, активни баратели на работа кои немаат над 15,000 месечни приходи според УЈП,  како и примателите на гарантирана минимална помош. Со оваа картичка во период од 30 дена ќе можат да се купуваат домашни производи и услуги а платежната картичка ќе можат да ја добијат и лицата кои имаат блокирани сметки бидејќи се работи за посебна сметка.

Ваучер за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра

Со оваа мерка се опфатени 100,000 граѓани, односно сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи, според УЈП.

Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам.

Електронскиот ваучер ќе има посебен QR код за секој индивидуален корисник а ќе може да се користи во домашните хотели и други регистрирани сместувачки капацитети, додека со платежната картица поттикнуваме купување на домашни производи и услуги.

Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.

Парична поддршка за млади од 100 евра и платежна домашна картичка од 50 евра

Се грижиме и за младите, за студентите и средношколците.

Оваа мерка опфаќа електронски ваучери од 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци.

Младите ќе добијат и платежна картичка, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги.

Ваучери за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини

Ги поддржуваме младите да стекнат нови знаења кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија со Ваучери за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини.

Оваа мерка ќе опфати од 7,000 до 10,000 млади до 29 години, кои ќе посетуваат академии во земјава за дигитални и ИТ вештини.

Почитувани граѓани, заедно ќе ја пребродиме кризата предизвикана од корона вирусот и ќе излеземе од оваа криза, уште похрабри, уште посилни.

Коста Петров, потпретседател на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт