Утрински Весник
Економија

Почнува изградбата на системот за наводнување Славишко Поле

Објавен огласот за изведувач за три системи за наводнување, во Чаушица, Славишко поле и Колибари

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе присуствуваат на почетокот на градежните активности на системот за наводнување Славишко Поле, Општина Ранковце.
Општините Ранковце и Крива Паланка ќе добијат нов, современ систем за наводнување на Славишко Поле, кој ги опфаќа земјоделските површини почнувајќи од село Псача, Петралица и Гиновци, како и зафатот за пренасочување на Крива Река која ќе биде главен извор за вода во овој систем за наводнување. Ова во февруари годинава го најави премиерот Оливер Спасовски, по посетата на Општина Ранковце.
Со новиот систем ќе се наводнуваат околу 200 хектари обработливо земјоделско земјиште и ќе биде достапен за 1.500 жители кои главно се занимаваат со земјоделство и сточарство. мд/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра

Пуштањето на интерконекторот со Грција се планира за 2027 година