Утрински Весник
Македонија

Верижен судир на пет возила во Битола

Верижен судир на пет возила во Битола

Битола, 28 мај 2020 (МИА)Доцна попладнето на улицата „Партизанска“ во Битола се случи сообраќајна незгода, верижен судир на пет возила.

Во сообраќајката оштетени се три возила марка „форд мондео“, „мерцедес“ и комбе возило марка „фиат“, како и урбана и комунална опрема поставена на улицата „Партизанска“ во Битола.

СВР-Битола времено го запре сообраќајот на улицата, едно лице со повреда е пренесено во Клиничка болница, а полициски експерти ги утврдуваат причините и последиците од верижниот судир на 5 автомобили кој доцна попладнево се случи во Битола.мт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ДОАЃА: Македонија под влијание на циклон

ДЗР: Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем на државата  

Чавушоглу: Oд Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци