Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид е подготвен да размени четворица играчи за Погба

Погба: Не очекував толку многу критики поради високиот трансфер

Мадрид, 28 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, објави „Сан“.

Реал е подготвен да за Французинот да се раздели од четворица играчи – Мартин Едегор, Џејмс Родригез, Лукас Васкез и Маријано Дијаз.

Во сезоната 2019/20 година, 27-годишниот Погба одигра натпревари за Манчестер јунајтед, тој има две асистенции на својата сметка. Играчот од средниот ред го пропушти поголемиот дел од сезоната поради проблеми со глуждот.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува неговата вредност на 80 милиони евра.

Се претпоставува дека Погба ќе биде подготвен за продолжување на сезоната. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина