Утрински Весник
Македонија

Димитров телефонски разговараше со француската државна секретарка Де Моншален

Димитров телефонски разговараше со француската државна секретарка Де Моншален

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска телефонски разговараше со државната секретарка задолжена за европски прашања во Министерството за Европа на Франција, Амели де Моншален.

– Беше изразено задоволство од доброто ниво на билатералните односи и соработка. Димитров ја поздрави лидерската улога на Франција за заживување на европската агенда на Северна Македонија и заеднички ги разгледаа претстојните чекори на овој план, соопшти МНР.

Димитров и Моншалан разговарале и за актуелни прашања од регионален интерес.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври