Утрински Весник
Политички Партии

Зеќири: СДСМ е за избори на кои ќе учествуваат сите политички чинители, потребни ни се целосно функционални институции

Зеќири: СДСМ е за избори на кои ќе учествуваат сите политички чинители, потребни ни се целосно функционални институции

 

28 мај 2020 

СДСМ сака брзи избори на кои ќе учествуваат сите политички чинители, и ВМРО-ДПМНЕ, за да ги поразиме на изборите, истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири во гостувањето во ТВ24.

Тој нагласи дека СДСМ нема отстапено од своите позиции, за одржување на избори по укинувањето на вонредната состојба, кога со почитување на уредбата на владата почнуваат да течат 22 дена до одржување на избори.

– Има комуникација меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и се надеваме дека ќе биде постигната согласност за заеднички датум за одржување на избори, рече Зеќири.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ бега од избори и погрешно ја толкува уредбата на владата со која беа замрзнати изборните дејствија.

– Да се вратиме наназад, по недобивањето на датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДСМ предложи избори во декември, ВМРО-ДПМНЕ сакаше во април, ние тоа го прифативме, потоа дојде короната и изборите беа замрзнати, предложивме собранието повторно да се свика, вие одбивте, сега ние немаме парламент и сега што треба да правиме…рокот постои, ајде  да одиме на избори, порача Зеќири.

Треба да ги почитуваме законите и Уредбата со законска сила, на државата и се потребни функционални институции, за да може да преземат се што е потребно, истакна потпртеседателот на СДСМ Мухамед Зеќири.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт