Утрински Весник
Македонија

Прв случај на заразен од Ковид-19 во Кичево

Прв случај на заразен од Ковид-19 во Кичево

Кичево, 28 мај 2020 (МИА) – Во Кичево е регистриран првиот случај на заразен од Ковид-19. Тој е во стабилна здраствена состојба и се наоѓа на домашно лекување. Уште осум лица се сместени во самоизолација, информира градоначалникот Фатмир Дехари на денешната седница на Советот на општината.

Во дебатата за состојбата со пандемијата на локално ниво, Дехари кажа дека се преземени сите потребни мерки за заштита од коронавирусот, но за жал потврден е првиот случај во општината.

До денеска се тестирани вкупно 43 лица и 63 вработени кои беа вклучени во скринингот во градинката.

Дехари најави дека првиор регистриран случај уште повеќе ќе ја зголеми претпазливоста и покрај  ублажување на мерките од страна на Владата.рз/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Инфлација расте, трошоците растат, а мерките „ќе следат“ – ребалансот на буџетот пристигна во Собрание

Хајрулахи ќе поднесе жалба по предлогот за разрешување: „Целата хајка е поради бонусите од СЈО“

Меџити: Не се обединија за народот, туку за спас на Али и бизнисите