Утрински Весник
Политички Партии

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

 

Скопје, 28 мај 2020

Лажната вест за ДУП во Трнодол е уште еден доказ дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е партија која фукционира само со лажни вести

Креирањето на лажни сценарија и пласирање на невистини во јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ потврдува само дека во оваа партија ништо не се сменило.

Уште една лага во низата е и денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ , дека зад носењето на Предлог ДУП за Трнодол, општина Карпош, стои лукративна цел и нечиј личен интерес.

Како што информираа од општината катастарската парцела (КП) со број 616 воопшто не е во опфат на Предлог ДУП – от за Трнодол, како што денеска лаже ВМРО – ДПМНЕ. Исто така, оваа катастарска парцела е надвор и од Генералниот урбанистички план (ГУП), што значи дека воопшто не може да се гради на посочената парцела.

Но тоа не е пречка ВМРО-ДПМНЕ да лаже и да конструира непостоечки случаи. Кога се дрзнуваат да лажат за вакви лесно проверливи информации, може само да се претпостави за што се досега излажале и за што се ќе излажат во белиот дворец.

Транспарентното и отчетно работење останува главно обележје на власта предводена од СДСМ. За конкретниот ДУП, граѓаните имаа можност да учествуваат на јавна дебата и презентација цели 10 дена, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога планови се носеа преку ноќ, за време на викенди и празници, зад затворени врати далеку од јавноста.

Ова незрело и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ само го покажува степенот на негрижа кон граѓаните и нивните интереси.

СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт