Утрински Весник
Македонија

Хуманитарна помош за децата Роми вклучени во градинката „8ми Април“ во Шуто Оризари

Хуманитарна помош за децата Роми вклучени во градинката „8ми Април“ во Шуто Оризари

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ денеска беше поделена помош за 136 деца – Роми вклучени во предучилишно образование и ран детски развој во општина Шуто Оризари.

За нив се обезбедени 136 прехрамбени и 136 хигиенски пакети и школски прибор за 136 децата кои се таргетирани со проектот.

Од Ромскиот ресурсен центар од Скопје наведоа дека во рамки на проектот, пакети со храна, средства за лична хигиена и школски прибор ќе добијат вкупно 210 деца Роми кои спаѓаат во најранливите категории на семејства, а се вклучени во предучилишно образование во Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.

– Покрај пакетите со храна, хигиена и школски прибор, во текот на наредната недела ќе се доделат и 170 таблети и интернет пакети за два месеца со 10 GB интернет за најзагрозените ученици Роми вклучени во прво, второ и трето одделение а се дел од програмата за туторска поддршка во рамките на проектот во општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар, кои немаат можност да ја следат онлајн наставата, посочија од Центарот.

Од Ромскиот ресурсен центар информираа дека целата помош се дели во координација и со поддршка од Општините, основните училишта и градинките во таргетираните општини.

– Целта на оваа помош е да се помогне на најранливите категории на деца и ученици Роми да можат успешно да продолжат со образовниот процес како и да се намалат последиците врз нивното образование поради ситуацијата со Ковид-19, истакнаа од Центарот.

Помошта е обезбедена со проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ кој е финансиран од Европската Унија и Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта. Проектот го имлементираат Ромски Ресурсен Центар од Скопје во партнерство со Сонце од Тетово, а е менаџиран од Ромскиот Едукативен Фонд.

Овој проект е дел од програмата „Зголемени образовни можности за ученици Роми и млади Роми во земјите од Западен Балкан и Турција (РАРЕ) кој е имплементиран од Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта. см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Првиот вицепремиер Изет Меџити во официјална посета на САД

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години

Мицкоски со 10 принципи за заедништво и сплотеност