Утрински Весник
Македонија

Советот на Тетово се врати на седници во салата на општинската зграда, но ја прекина денешната расправа

Советот на Тетово се врати на седници во салата на општинската зграда, но ја прекина денешната расправа

Тетово, 28 мај 2020 (МИА) – Советниците на општина Тетово ја започнаа па ја прекинаа денешната 31-ва седница. Седницата на Советот по два месеца се одржуваше во салата на зградата, откако во март немаше, а во април советниците расправаа преку интернет.

Речиси два часа беа потребни само за усогласување околу дневниот ред. Мнозинство не ги прифати барањата на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците- да има две нови точки. Една за состојбата и нови мерки поради Ковид-19 како и да се расправа за објавениот извештајот на Државниот завод за ревизија во кој има нотирано забелешки за работата на јавното претријатие „Градски паркинг“.

– Сметавме дека има потреба да има точки на заштита на јавно здравје поради пандемијата со Ковид-19, наместо точки за два нови урбанистички планови во кои едниот од нив е дозвола за изградба на нови 20 катници, како и за легализација на бесправно изградени објекти на државо земјиште. Влегуваме во неизвесен период поради можноста за предвремени избори, па сметаме дека нема да даночни и други олеснувања за физички и деловни субјекти кои како опозиција ги дадовме како предлози и како придонес за справување со последиците од Ковид-19, истакна Александар Велјановски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

До прекинување на седницата дојде по усвојување на првите две точки од дневниот ред, усвојување на записник од претходната седница и Акционен план за чистење на реки на подрачјето на општина Тетово.  Откако беше дадена пауза за координација, претседателот на Советот, Беким Мемети рече дека седницата ќе се прекине поради немање на кворум. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Крушево почнуваат чествувањата за 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република

Вкупно 28 пожари на отворено вчера, се очекуваат шест хеликоптери и четири ер трактори од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ

За манифестација во Крушево на 1 и 2 август да се користат патните правци Прилеп – Битола и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево, поради санација на регионалниот пат Р-1306