Утрински Весник
Македонија

Во Велес изминатото деноноќие девет оздравени од КОВИД-19, новозаразени нема

Во Велес изминатото деноноќие девет оздравени од КОВИД-19, новозаразени нема

Велес, 28 мај 2020 (МИА) – Во Велес изминатото деноноќие се регистрирани девет лица оздравени од КОВИД – 19, новозаразени нема, а активни на болеста се 31 лице, информира ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова, од деветте оздравени, двајца се лекувани во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница и биле отпуштени со два негативни теста.  Останатите седум се лекувале дома.

На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница во Велес моментно се хоспитализирани 14 пациенти, сите позитивни на КОВИД-19. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации