Утрински Весник
Македонија

МТСП: Продолжуваме со грижата за најмладите, за 24.461 дете исплатен образовен додаток

МТСП: Продолжуваме со грижата за најмладите, за 24.461 дете исплатен образовен додаток

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека е извршена исплата на додатокот за образование, за третиот мерен период, за 24.461 дете.

-Секој поединец, секое семејство заслужува еднаква грижа. Посебна грижа ни се децата, кои се најранливи на стресовите кои едноподруго се случуваат во кризни услови. Затоа е многу значајно децата од семејства без или со ниски приходи да добијат дополнителна поддршка. Токму затоа, Владата донесе уредба за престанување на важење на условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година, со цел да го олесниме пристапот до овие права, наведува Министерството.

Според МТСП, со социјалната реформа повеќекратно е зголемен бројот на деца корисници на ова право. Пред реформата, бројот на корисници на програмата условен паричен надоместок изнесуваше 2.877. мч/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија