Утрински Весник
Македонија

Гевгелија ќе учествува со две апликации на јавниот повик на ИПА програмата

Прв случај на коронавирус во Гевгелија, се прави епидемилошко истражување за изнаоѓање на лицата со кои било во контакт

Гевгелија, 28 мај 2020 (МИА) – Во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка,за периодот 2014-2020 година, општина Гевгелија со партнери од Грција ќе учествува на објавениот јавен повик со два проекти кои беа утврдени од општинските советници како приоритетни, потврдија денес од општинската администрација.

Првиот проект се однесува на воведување гастро туризам како нов бренд на дестинации во прекугранишниот регион на Северна Македонија и Грција. Во реализацијата на овој проект општина Гевгелија и Фондацијата за локален развој на општината ќе бидат партнери со општина Пеонија и Претпријатието на заедниците на општина Солун.

Покрај овој, преку Центарот за развој на југоисточниот регион, општина Гевгелија на јавниот повик ќе учествува уште со проектот за деловен еко систем како интегриран систем,во чии што рамки е планирана набавка на едно противпожарно возило за општина Гевгелија. им/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата

Утре во храмот ,,Света Недела” во Битола – Пречек на моштите на Светата великомаченичка Недела