Утрински Весник
Македонија

Лекциите за животна средина мора да станат приоритет во македонското образование

Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди издадени од училиштата

Младите мора повеќе да учат за климатските промени, да знаат што е одржлив развој и на кој начин ќе треба да се справат со еколошките предизвици, кои со децении се едни од најголемите закани за планетата Земја. Зајакнувањето на образованието за животната средина во постоечките наставни програми во основното и средното образование во земјава, треба да создаде еколошки освестени ученици и наставници кои ќе бидат едуцирани за да се справат со климатска криза, која е многу посериозна од моменталната здравствена криза.

Заканите предизвикани од употребата на фосилни горива како енергенс, емисиите на јаглероден диоксид и ефектот на стаклената градина, прегревањето на планетата, несоодветниот третман на отпадот и други опасности, се само дел од темите кои мора да станат приоритет во образованието и интересот на младите.

Чекорот кон зелена и одржлива иднина, според Антонио Јовановски од навладината „Гоу Грин“, е да се создадат едуцирани генерации кои ќе се залагаат за одржливост применувајќи енергетска ефикасност и зелени технологии.

„Почнуваме со истражување и анализа на наставните програми за основните училишта, а практичните предлози каков концепт за образование за климатски промени ќе биде предложен пред надлежните институции, ќе произлезат од заклучоците од ова истражување кое ќе трае до септември оваа година. Од минатите анализи кои ги имавме во 2017 година, од перспектива на зелените работни места, најголема побарувачка ќе има за стручни работници во областа енергетска ефикасност во згради, околу 4.000 работни места до 2035 год“, вели Јовановски.

Покрај истражувањето, формирана е и интер-институционална работна група составена од претставник од Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Министерството за образование, Министерството за животна средина, наставници и претставници од НВО секторот. Работната група ќе го поддржува истражувањето, ќе анализира успешни пракси од други земји, ќе дава предлози, насоки и конкретни мерки за интегрирање на образованието за климатски промени во постоечките наставни програми. Исто така, се формира и база на наставници, кои ќе имаат интерес да се вклучат во образованието за климатски промени.

„Во текот на летото ќе има видео конференции на тема сончева енергија, енергетска ефикасност, образованието за климатски промени, зелените работни места итн. Важноста на сето ова сакаме да ја валидираме со петицијата која ќе биде доставена до сите надлежни институции, за да се земе ова прашање посериозно“, нагласува Јовановски.

Идејата е да се имплементираат лекции за климатските промени во сите предмети и да се развијат и меѓу-предметни теми, каде со постоечки лекции ќе се даваат примери и материјал како може да се учи и за климатските промени. Според Наталија Ацеска, советник во Бирото за развој на образованието, образованието за одржлив развој е интердисциплинарно. Тоа е училиште за животот, преку кое младите стекнуваат компетенции за однесување, правила норми, ставови и вредности.

„Во моменталните наставни програми постојат сегменти на одржлив развој со трите аспекти: еколошки, економски и социјален аспект, но сметам дека не сме свесни за неговата имплементација. Потребно е наставниците и професорите да го препознаваат и да знаат како да го внесат во нивните предмети. На пример, еден наставник по математика предава лекција за одредени математички операции, а при тоа може да работи на пресметката на јаглеродниот отпечаток и истовремено да се објаснуваат и математичките функции и што значи јаглеродниот отпечаток. Со тоа се сублимираат цели на учење од две области: математика и одржлив развој“, посочи Ацеска на видео-конференцијата на тема „Значењето на образованието за справување со климатските промени“.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија