Утрински Весник
Моја Кујна

Вкусни колачиња

Markina Kkolaci

Вкусни колачиња за вредни рачиња?
Интересни колачи како за помалите така и за повозрасните
Растопете го путерот или маргаринот и измешајте го со шеќерот и јајцето. Додадете го и брашното, пецивото и солта и убаво измешајте со лажица. Во тестото додадете парчиња чоколадо или бони топ бомбони и мрвици. Оставете го тестото минимум 1-2 часа во фрижидер или преку ноќ. Тестото може да стои и до 3-4 дена во фрижидер. Од ладната смеса земајте и оформете како бомбици со големина колку зрно грозје и редете ги одалечени едно од друго во плехот бидејќи се рашируваат при печење. Печете ги 10тина минути во загреана рерна на 200 С. И да ви изгледаат меки по 10 минути, кога ќе се изладат се стврднуваат.
Како што веќе повеќето знаете, секоја среда следува нов предизвик за вредните дечиња и мамички за проектот со @aktivnosti_za_deca. Веќе многумина од вас ги покажаа вештите рачиња, а и среќата и заинтересираноста за во кујна е доста голема. Верувам секое дете би се израдувало на шарено колаче, па засукајте ракави? не заборавајте да споделите на пост или стори со таг @martinascooking и @aktivnosti_za_deca и хаштаг #учимедаготвиме. Ви посакуваме забавно и шарено готвење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascooking) on

Можете да прочитате

Нутриционистите откриваат зошто луѓето имаат потреба од благо

utrinskilogin

Чоколадни бомбици (4 состојки)

Тортиљи со кашкавал