Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Лајпциг нема намера да ја намали цената на Вернер за кој е заинтересиран Ливерпул

Клоп дава 60 милиони евра за Тимо Вернер
Img 7972

Лајпциг, 27 мај 2020 (МИА) – Лајпциг нема да го намали износот на надоместокот за напаѓачот Тимо Вернер. Ова го објави претседателот на клубот, Оливер Минцлаф. За фудбалерот заинтересиран е Ливерпул.

Англичаните имаат време до 15 јуни да се стекнат со Германецот за 55 милиони евра. По овој датум, сумата ќе се зголеми на 64 милиони.

Минцлаф изјави дека клубот нема да прави отстапки.

– Нема да поевтини. Нема да го продадеме играчот под неговата вредност. Имаме целосна контрола над ситуацијата. Јас сум смирен. Тимо има договор уште три години, изјави Минцлаф.

Дваесет и четиригодишниот фудбалер оваа сезона одигра 38 натпревари за Лајпциг и постигна 12 голови со 12 асистенции. Неговиот договор истекува на 30 јуни 2023 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг