Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Реал Мадрид веќе нема да објавува продолжување на договорите со играчите

Каземиро: Реал Мадрид постигна два гола кои не беа признаени, но не можеме да бараме изговори
300x250 opst2

Мадрид, 27 мај 2020 (МИА) – Реал Мадрид одлучи да не го објавува официјално продолжувањето на договорите со играчите на првиот тим, информира „Марка“.

Во веста на шпанскиот весник се наведува дека клубот веќе имал продолжено договор со играчот од средниот ред Каземиро. Договорот е дизајниран до летото 2023 година. Но, официјално ова не беше објавено.

Се известува дека раководството на клубот донело таква одлука со цел да се избегне откривањето на деталите за договорот во печатот. Ваквата политика на Реал не е наведена во официјалните документи, но челниците на клубот се согласија дека вестите за договорите нема да бидат достапни за медиумите.

Сезоната во Шпанија е прекината поради пандемијата на коронавирус. Ла Лига треба да продолжи во јуни. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг