Утрински Весник
Македонија

Се уредуваат фитнес-зона и мини-голф терен во кејот на Крива Река

Се уредуваат фитнес-зона и мини-голф терен во кејот на Крива Река

Крива Паланка, 27 мај 2020 (МИА) – Во минор коритото на Крива Река, на десниот брег на кејот во Крива Паланка се работи интензивно на уредување на теренот за изгардба на финтес-зона на отворено и мини-голф игралиште.

Активностите се дел од проектот проектот  „Младите од Бугарија и Македонија заедно за туризам како превенција за здравјето“ што го имплементираат Центарот за развој на североисточениот планински регион (СИПР) и Фондацијата за здравствена превенција од Република Бугарија, во рамки на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу двете земји.

-Оваа фаза која предвидува градежни работи веќе е во тек од средината на претходнито месец и вклучува изградба на мини голф игралиште спроти градскиот парк, како и модерна фитнес зона во кејот на Крива Река, со реквизити адаптирани за лица со попреченост. Утре ќе биде одржана официјална промоција на проектот, во координација со партнерите од Бугарија и Општина Крива Паланка, во 11 часот во големата општинска сала, а јавниот настан ќе биде реализиран согласно сите препораки и протоколи кои ги налага состојбата со Ковид-19, информираат од Општината.

Во понатамошниот тек на проектот ќе се организираат спортски игри и натпреварувања кои се планира да се востановат како пракса помеѓу младите од пограничниот регион.

Целта на проектот е да се ​​промовира соработка помеѓу регионалните чинители во областа на одржливиот туризам, промоција на здравјето и создавање центар за здравствено и туристичко мрежно поврзување на деца и млади и лица со попреченост. ид/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева