Утрински Весник
Македонија

Нов лик на спортската сала во Ресен

Нов лик на спортската сала во Ресен

Ресен, 27 мај 2020 (МИА) – Спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен доби нов лик, а наскоро ќе биде пуштена и во употреба.

Од Општина Ресен информираат дека градежните активности и реконструтивните зафати се во завршна фаза со што овој градски спортски објект ќе биде во функција на спортистите и рекреативците од Ресен.

-Реконструкцијата на овој капитален објект и проект чини осум милиони денари, а средствата ги обезбедивме преку Агенцијата за млади и спорт. Спортската сала е со нова архитектура, нов паркет, а инсталирани се нова водоводна мрежа и канализација. Со реконтрукцијата на спортската сала „Зоран Стојановски“ ќе се исполни една голема празнина која се чувствуваше во спортскиот живот на градот и сите кои директно или индиректно се поврзани со спортот, посочуваат од локалната самоуправа. мт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нови обвиненија во „Адитив“: Меѓу обвинетите и претседателка на ДКСК – злоупотреби, перење пари и одавање службени тајни

Влада: Средбата со семејствата беше за поддршка, не за скандал

Вработените во МРТ без вода две недели – опасност од зарази, никој не реагира