Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – На тема „Влијанието на новите политички и правни предизвици од пандемијата“ денеска ќе продолжи серијалот Корона дијалози кои опфаќаат повеќе онлајн дискусии за влијанието на пандемијата врз општественото живеење и секојдневните текови.
Фокус во дискусијата, информира проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски професор на Факултетот за безбедност-Скопје, ќе биде ставен и на човековите права и слободи, влијанието на меѓународните организации, но и состојбата во земјата и оддржувањето на вонредни парламентарни избори.
На четвртата тема на денешните Корона дијалози ќе говорат д-р Мирјана Лазаревска Трајковска врховен судија на РСМ, проф. д-р Цане Мојаноски, проф. д-р Никола Дујовски, проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, проф.д-р Горан Илиќ проф. д-р Елена Тиловска Кечеџи и проф. д-р Мирјана Ристовска од Правниот факултет во Битола.
– Во функција на новонастаната ситуација и оддржување на духот и мотивот кај студентите и професорите на Универзитетите, се оддржува серијалот на активности во овој период со кој непосредно се остварува влијание во справувањето со новите предизвици и креирањето на јавните политики чија промена е нужна, но и за правните обврски и последници од нивната примена по завршување на вонредната состојба, смета иницијаторот и модератор на овие дијалози проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски професор на Факултетот за безбедност-Скопје. цр/