Утрински Весник
Спорт

Валверде: Неколку натпревари без публика се нормални, но 100 … ќе биде тешко

Фудбалерите на Барселона ја губат вербата во Валверде

Барселона, 27 мај 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде го сподели своето мислење за натпреварите без гледачи во услови на пандемија на коронавирус.

– Веројатно ќе биде во ред да има неколку такви натпревари. Но, не знам како би било да се одржат 100 натпревари без гледачи. То аќе биде многу тешко, вели Валверде.

За неговото искуство на натпревари без гледачи: „Беше ужасно. Не бевме подготвени да играме на овој начин. Можеби сега сите ќе бидат ментално подготвени“.

Тренерот истакнува дека Шпанија поминала тежок период.

– Поминавме тешки времиња, особено поради грижата за оние што се најблизу до нас. Ние доживуваме нешто што порано не се случило, и можеби ова нè принуди да посветиме должно внимание на луѓето кои вршат поважна работа. Но, фудбалот нема да престане да биде фасцинантен настан, од кој сите добиваат големо задоволство, заклучи Валверде. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига