Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и ветер

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и ветер

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

И во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. вј/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал