Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Преку Ковид 2 одобрени бескаматни кредити за 117 фирми со 3001 вработен

Ангеловска: Преку Ковид 2 одобрени бескаматни кредити за 117 фирми со 3001 вработен

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Преку втората линија бескаматни кредити за фирмите погодени од КОВИД-19 кризата одобрени се 2 милиони евра за 117 фирми во кои работат 3 001 вработен, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук.

Одобрени се 2 милиони евра досега, со кои се поддржуваат: 58 микро, 43 мали и 16 средни компании – или вкупно 3.001 работни места. За оваа кредитна линија има огромен интерес од страна на компаниите. Барањата се обработуваат и процесираат од страна на Развојната банка, по што со одобрените се потпишуваат договори и се исплаќаат средства, пишува Ангеловска.

Кредитите од оваа кредитна линија изнесуваат од 3.000 до 90.000 евра, со 0 проценти камата и рок на отплата 3 години со 12 месеци грејс период. Вкупниот износ на Ковид 2 линијата е 8 милиони евра и за неа можеа да аплицираат фирми од сите дејности. Претходната линија бескаматни кредити Ковид 1 е целосно доделена. лв/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фотогалерија) Во Скопје се одржа најголемата бизнис конференција на „Бизнис лидер“

Меѓународен ден на еднакви плати, на глобално ниво, жените заработуваат во просек 20 отсто помалку од мажите

Пад на продажбата на станови во вториот квартал, највисока цена за метар квадратен постигната во општина Центар