Утрински Весник
Македонија

Започнува сезоната на печурки во Пијанец

Започнува сезоната на печурки во Пијанец

Делчево, 26 мај 2020 (МИА) – Печуркарите од Пијанечко-малешевскиот регион ја започнаа сезоната на печурки. Во откупните центри веќе пристигнаа првите количини на печурки од кои најголем дел од сортата „лигав вргањ“ и „вргањ“. Цената, како што информираат од откупните центри, се движат до 150 денари за прва класа сурова печурка.

-Врнежите кои паднаа во изминатите денови во комбинација со сончевиот период придонесоа да се појави печурката „вргањ“ која е најзабележителна во атарот на долно Драмче. Меѓу првите количини има и доста обемни печурки со екстра квалитет кои достигнуваат и добра цена, велат откупувачите.

Олабавувањето на мерките и најавеното укинување на полицискиот час, според сопствениците на откупни центри, ќе придонесе граѓаните кои собираат печурки да го зголемат семејниот буџет.

-Секако дека печуркарството е егзистенција за многу семејства. Во време кога владее коронавирус, а со олабавување на мерките очекуваме успешна сезона за доброто и на нас како откупувачи и на собирачите на печурки, за кои ова е доста добра приходна дејност, додаваат од откупните центри.

Печуркарството во изминатата година беше доста доходовен бизнис во Пијанечко-малешевскиот регион. Над 50 тони печурка изминатата година завршија на пазарите во западно-европските земји меѓу кои Италија, Германија и Франција. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!