Утрински Весник
Македонија

Казнени налози за седум лица од Битола за непочитување здравствени прописи во епидемија

Тројца жители на беровско Будинарци не го почитувале полицискиот час

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство – Битола денеска до Основниот суд во Битола поднесе пет предлози за издавање казнени налози против седум лица. Во текот на вчерашното деноноќие лицата биле затекнати во движење без поседување на соодветни дозволи.

– Со своите дејствија седуммината обвинети сториле кривично дело -Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на судот сторителите да ги огласи за виновни и да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде во износ од 20 евра во денарска противвредност., соопштија од ОЈО.см/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Кога еко-активизмот станува блокада за развојот?