Утрински Весник
Македонија

Крушевско Белушино ќе добие резервоар за вода

Крушевско Белушино ќе добие резервоар за вода

Крушево, 26 мај 2020 (МИА) – Започна изградбата на резервоар за вода во крушевското село Белушино. Проектот треба да обезбеди доволно вода за ова населено место и да го реши проблемот со водоснабдувањето.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, изградбата на резервоарот за вода чини 2.601.900 денари, а имплементацијата е во рамки на програмата за работа на Министерството за транспорт и врски.

-Резервоарот за вода во Белушино е ветуван со децении, но еве дури денес се реализира. Ова населено место е без резервоар и се соочува со проблеми со водоснабдувањето, но набргу проблемот ќе биде решен. По се, жителите имаа големо трпение. Конечно нивните барања се реализираат, рече Христоски. ем/хс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври