Утрински Весник
Македонија

Бочварски: Дезинфекција пред конфекциите и во автобусите во Штип

Бочварски: Дезинфекција пред конфекциите и во автобусите во Штип

Штип, 26 мај 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб Штип денеска почна  со таргетирана дезинфекција на повеќе локации, и тоа пред сите текстилни компании, истакна градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој раководи со Општинскиот кризен штаб, по денешниот состанок на Штабот.

-Се прави и дезинфекција на автобусите и останатите превозни средства во кои се превезуваат текстилните работници и работнички, потоа пред угостителски објекти кои имаат потреба од поддршка за дезинфекција пред нивните локали. Од денес волонтерите на Општина Штип започнуваат со акција на делење заштитни маски пред текстилните фабрики, рече Бочварски.

Тој ги повика и  сопствениците на транспортните компании и сопствениците на угостителските објекти кои имаат потреба од поддршка во дел на дезинфекција на објектите, да се обратат до Општинскиот штаб за заштита и спасување со цел подобра координација во наредните активности.

Според податоците на Општинскиот кризен штаб, откако во Штип изминатите три дена се регистрирани вкупно осум случаи на заразени од коронавирусот, од кои шест се текстилни работнички од една конфекција, се зголемува и бројот на лицата кои се ставени во изолација.

Бочварски вели ако до пред неколку дена бројките биле по два или пет случаи, сега бројот изнесува 41, а едно лице е со решение за самоизолација. Тој истакна дека и денеска епидемиолозите правеле нови тестирања поврзани со текстилните работнички, а резултатите се очекуваат утре.

Бочварски упати апел до граѓаните да бидат внимателни и дисциплинирани во наредниот период, со цел поголема заштита на сите граѓани. вдј/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја