Утрински Весник
Свет

93-годишна Србинка го победи коронавирусот

93-годишна Србинка го победи коронавирусот

Деведесет и тригодишната Србинка Радмила Станковиќ, која е сместена во Геронтолошкиот центар во Крушевац, оздраве од коронавирусот и од болница се вратила во домот.

Таа поминала повеќе од 10 дена во болница.

„За неа, како и за сите нас, тоа беше шок. За среќа сè заврши добро“, рекле од домот за телевизија „Прва“.

Во таа установа заразени биле 49 корисници, на возраст од 60 до 93 години и 19 вработени. Сите оздравеле.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп подготвен за нови санкции против Русија

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

Гроси: Во светот може да има 20 до 25 нуклеарно вооружени држави