Утрински Весник
Македонија

89 казни за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

89 казни за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Денеска (25.04.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Александар Николоски повторно во посета на Унгарија

Поради пожар повторно забрана за сообраќај на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје

ОЈО отвори истрага за лицето што се закануваше со подметната бомба во авион