Утрински Весник
Свет

85 лица, членови на мафијата, уапсени во акција на италијанската полиција

85 лица, членови на мафијата, уапсени во акција на италијанската полиција

Утрово италијанската полиција и зададе голем удар на мафијата, бидејќи во полициска акција беа уапсени 85 лица обвинети за разни кривични дела, пренесуваат италијанските агенции.

Акцијата спроведена утрово е резултат на двегодишна истрага во неколку италијански градови, од Палермо до Рим, и уапсени лица обвинети за производство и дистрибуција на дрога, корупција, мито, уцена и продажба на оружје.

Меѓу уапсените е и Џузепе Витале, поранешна шефица на мафијата „Фардака“, која соработуваше со полицијата при претходното апсење, а последните две години, од тајна позиција, во соработка со семејство од Сицилија, ја водеше набавката и дистрибуцијата на дрога.

Поради дрога уапсен е и еден затворски чувар, за кого било утврдено дека како курир, тој овозможувал врски помеѓу мафијашите што биле во затвор и надворешниот свет.

Истрагата утврдила дека некои локални политичари се поврзани и со мафијата, а минатата година општинскиот совет беше распуштен, бидејќи некои членови беа вклучени во мафијашки работи.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот