Утрински Весник
Македонија

83-годишен неготинчанец измамен за 14.800 денари на автобуска станица

83-годишен неготинчанец измамен за 14.800 денари на автобуска станица
Dik 300x250 mk

Вчера во Полициската станица Неготино, 83-годишен жител на неготинско село пријавил дека на автобуската станица во Неготино бил измамен за сума од 14.800 денари, од едно лице кое се претставило дека е од Гостивар и го замолило да му даде денари затоа што имало странски валути.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, тој му дал пари, а лицето му оставило заклучена чанта со објаснување дека во неа се странските валути, и заминало.

Подоцна, според пријавеното, откако ја отворил чантата, видел дека во неа нема пари и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Во понеделник и вторник дожд и ветер, од среда до крајот на неделата стабилно време

СДСМ: Македонија на дното по стандардот на живеење, инфлацијата расте и достигна 4,5%

Скопје го предводи порастот на хипотеки – над 1.500 впишани за три месеци