Утрински Весник
Македонија

83 возачи казнети за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

83 возачи казнети за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Денеска (29.01.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 83 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Шок во судница: Ивана барала полиција – оператор ја препраќал кај куќен совет

Македонија и САД потпишаа меморандум за соработка во енергетиката

Демократски Сојуз: Македонскиот јазик е државен, протестите се политички мотивирани