Утрински Весник
Македонија

80 дена по трагедијата, Владата ги повика засегнатите од Кочани да се јавеле во кабинетот на премиерот

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Владата денеска информираше дека Канцеларијата на премиерот отворила нова телефонска линија специјално наменета за повредените од Кочани и нивните семејства.

„Во првата фаза, ги повикуваме сите повредени и нивните семејства да се јават, да ги изнесат своите барања кои ги имаат, предлози и конкретни потреби“ рече денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.


Пред два дена пак, во владиниот прес-центар беше организирана дебата „Кочани е нашиот приоритет“ каде директори на неколку институции се фалеа како им помагаат на повредените и нивните семејства.

Но додека Владата тера дебати и отвора телефонски линии, дел од повредените и нивните семејства јавно се жалат дека се заборавени од државата и се препуштени самите да се снаоѓаат со трошоците за рехабилитација.

И наместо институциите, граѓаните се тие што први и се чини и последни им помагаат на настраданите.

Така, вчера од Support Kocani“ соопштија дека се собрани и донирани 600.000 евра за жртвите од пожарот во Кочани, а преку донации помогната е и болницата во Кочани која очигледно нема капацитет да пружи целосно услуги за сите повредени.

Семејствата на загинатите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ секоја сабота се на улиците низ Кочани за да бараат правда и одговорност, но и да се пожалат на игнорантскиот однос на институциите.

Можете да прочитате

(Видео) Провокација на албанските навивачи, Дебар бил албански град

Куќа изгоре во Пелинце, избегната е поголема катастрофа

Порака од „Маршот за ангелите“ кон Мицкоски и Давкова: Нели ви е срам? Имате ли деца?