Утрински Весник
Македонија

80% од починатите и 69% од новите случаи со Ковид-19 се невакцинирани

183 нови случаи на Ковид-19 и 18 починати лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за здравство ја објави анализата за вакцинирани од позитивни случаи со Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со 18 ноември годинава.

Како што појаснуваат од ресорното министерство, за вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина.

„Во наведениот период, на територија на државата, 53.682 граѓани биле позитивни на Ковид-19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 16.702 лица. Според статистиката за изминативе месеци, 36.980 граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем – од моментно 534 хоспитализирани пациенти, 123 се целосно вакцинирани“, се наведува во извештајот.

Како што нагласуваат од министерството, кај невакцинираните драстично е поголема и смртноста.

„Во анализираниот период од 6 август до 18 ноември на територија на државата од вкупниот број починати, 80% биле невакцинирани, а 20% од починатите примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања“, велат од ресорното министерство.

Од таму апелираат граѓаните да се вакцинираат бидејќи, како што велат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на коронавирусот.

Можете да прочитате

Тргна годината со поскапа струја: Сметките растат до 900 денари

Евгенија Камчева првото бебе во Скопје во 2026

Петок ( 2 Јануари) ни носи снег и снежна покривка во западните предели